Темен режим Режим на светлина

Дали второто полугодие ќе трае до 14 јуни? – До крајот треба да се одработат сите 180 работни денови, вели министерот Шаќири

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој одговори на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни.

На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.

-За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бензема продолжува со кралевите, одбил милиони, не заборава кој му ја донесе Златната топка!

Следна објава

Невил: Арсенал ниту ќе биде шампион, ниту ќе заврши втор во лигата