Темен режим Режим на светлина

„Безбеден град“ од 2026 година

За десет месеци се очекува да започнат санкциите за прекршувачите на законот во сообраќајот, од јануари 2026 се става во функција проектот „Безбеден град“.

Покрај оние стандардни камери поставени на крстосниците министерот за внатрешни Панче Тошковски од јавната трибина за измените на легислативата за безбедност во сообракајот и патиштата како и регулативата за прекршоци потенцира дека полициски возила опремени со специјални камери ќе ги снимаат погрешно паркираните за автоматско казнување.

На јавната трибина покрај присутната експетска фела од областа имаше претставници и од министерство за правда од каде велат дека проектот „Безбеден град“ е почеток на ефикасност и правда. Нешто што започна во октомври 2024 година со една едноставна, но силна идеја.

– Формиравме меѓуресорска работна група предводена од Министерството за правда која имаше обврска да ги подготви измените и дополнувањата на овие закони. Со директно учество започнавме пат на поврзување на судовите и ЈО со МВР, нешто што беше неопходно, но не беше функционално. Што значи дека сите релевантни институции ќе имаат пристап до најактуелните и точни информации. Брзо и ефикасно. Без губење време. Без можности за манипулации. Без можност за корупција.- Министерство за правда.

Партнерот на целиот процес околу зголемувањето на сообраќајната безбедност УНДП се овде да помогнат да се оствари зацртаната цел на обединетите нации, имено до 2030 година да има преполовување на статистиките за смртни случаи и повреди во сообраќајки во целиот свет, а кога станува збор за Македонија, овдешниот просек да биде што поблизок со оној во ЕУ односно доста понизок.

Хаосот во сообраќајното движење не е само со моторните возила, мора да се создадат услови за сите учесници: велосипедисти, пешаци, корисници на електрични тротинети и точаци кои што досега нема официјален регистар за истите, треба да се работи и на тоа и за нив да ума услови како правилно да сообраќаат.

Со моменталните засилени сообраќајни контроли и зголемени број на регистрирани прекршоци за овој период од почетокот на годината досега, се бележи пад кај сообраќајните незгоди за 30% кај сообраќајните незгоди со жртви пак за 60%, со порфункционирањето на системот „Безбеден град“ МВР очекува значително да се намалат сегашните бројки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Јаневска: Македонија е единствената земја во која наставата се одвива на пет јазици

Следна објава

Минусни температури во цела држава, во Берово измерени -13 степени