Темен режим Режим на светлина

Билетите за ЕП пуштени во продажба, Македонија може да се гледа за 40, 65 или 80 евра

На почетокот на ноември оваа година, Македононија ќе биде коорганизатор на женското ракометно Европско првенство, заедно со Црна Гора и Словенија.

Еден ден по ждрепката и одредувањето на групите, Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги пушти во продажба билетите за првите две фази од овој собир.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во салата „Борис Трајковски“, а фановите трите натпревари на нашите девојки ќе може да ги следат за цена од 40, 65 или 80 евра, во зависност од категоријата која ќе ја одберат. Ова е цената на билетот за трите кола од првата групна фаза.

Покрај првата групна фаза, во Скопје ќе се одиграат и натпревари од главната фаза, а билетот за тие дуели ќе чини 75, 110 и 165 евра, исто така во зависност од категоријата. ЕХФ во продажба пушти и пакет-билети за двете групни фази, а истите чинат 115, 175 и 245 евра.

Шампионатот започнува на четврти ноември, а Македонија своите натпревари ги игра на петти против Франција на седми против Холандија и на деветти против Романија,

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на министерката за труд, ова е измама

Следна објава

МВР: 88 санкционирани возачи во Скопје, 12 возеле без дозвола