На едно од дрвата во битолскиот градски парк бил забележан заглавен човек, кој не можел да се симне.
Загрижени граѓани ја повикале Противпожарната единица во Битола да го симне од дрвото.
– Во четвртокот во 19:05 часот е примена е дојава за заглавено лице на дрво во Градски парк.
ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и со 4 пожарникари – соопштија од битолската противпожарна единица.




