Темен режим Режим на светлина

Крадци украле акумулатори и нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 од Кривичниот законик.

За период од околу 2,5 месеци, од февруари до крајот на април годинава, двајцата осомничени жители на Ресен, во повеќе наврати насилно влегувале во објекти од цврста градба на железничката делница од пругата „Поранешно Фринко“ до селото Кремница, кои служеле за команда на светлосна и звучна сигнализација за железничкиот сообраќај.

Кршејќи ги решетките од долниот дел на вратите со кои биле обезбедени вкупно 8 објекти сопственост на оштетеното Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Македонија – Скопје, осомничените демонтирале и одзеле вкупно 58 акумулатори со различна јачина, со што ја загрозиле сигурноста на железничкиот сообраќај.

Потоа, двајцата осомничени ги продавале украдените акумулатори како отпадно железо.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од влијание врз сведоци во постапката, како и можност осомничените да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Битолчанец се заглавил на дрво во Градскиот парк, пожарникари го симнале

Следна објава
Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Сообраќајка на патот Маврови Анови - Дебар: Сообраќајот е во прекин во двата правци