Браво, бронза и пофалница за млади физичари на Балканската олимпијада

Македонските средношколци, Драго Јакимовски од Пробиштип и Мајкл Георгиевски од Кавадарци освоија бронзен медал и пофалница на втората Балканска олимпијада по физика, организирана од Балканската унија на физичарите и Универзитетот во Крајова, Романија.

Драго Јакимовски е ученик од трета година во СОУ „Орце Николов“ – Скопје, а Мајкл Георгиевски од Кавадарци, ученик од втора година во СОУ „Добри Даскалов“ –Кавадарци.

Во конкуренција на 48 натпреварувачи од 12 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Туркменистан и Црна Гора). На овој натпревар Македонија ја преставуваа ученици од Пробиштип, Кавадарци, Скопје и од Струмица.

Водач на тимот од Македонија беше проф. д-р Ирина Петреска од Институтот за физика при ПМФ, а заменик-водач на тимот проф. д-р Ламбе Барандовски од Институтот за физика.

Претходна вестФилипче: Mожна е забрана за културни настани и порано затворање на кафеаните
Следна вестБензините поевтини за половина денар, дизелот за денар