Темен режим Режим на светлина

Браво: Калин Ивановски се искачи 117 места повисоко на АТП листата

Голем успех на македонскиот тенис. Имено, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа голем напредок на најновото издание на АТП листата. Тој викендов го освои трофејот на ИТФ турнирот во Хераклион, со што заработи нови 15 поени.

Благодарение на тие бодови тој сега се наоѓа на 633. позиција на рангирањето со 42 поени, што е дури за 117 места подобро од минатонеделниот пласман.

Промени имаше и меѓу водечките, каде што по освоените титули напредуваа Данил Медведев кој е сега трет, и Феликс Оже-Алијасим на осмото место. Меѓу најдобрите десет се пласира и Хуркач, а на врвот и натаму се Карлос Алкараз и Рафаел Надал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“ не сообраќаат и денеска

Следна објава

Санкционирани 196 возачи поради брзо возење