Темен режим Режим на светлина

Санкционирани 196 возачи поради брзо возење

Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 81 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес кон побезбедни патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Браво: Калин Ивановски се искачи 117 места повисоко на АТП листата

Следна објава

А Ковачевски само што се пофали околу отворањето на македонскиот клуб во Бугарија