Темен режим Режим на светлина

А Ковачевски само што се пофали околу отворањето на македонскиот клуб во Бугарија

Не ни цели два дена траеше македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Бугарија. Источниот сосед на Македонија одеднаш извади на виделина некаква одлука на суд (што уште од порано ја донел) дека Граѓанското здружение за заштита на основни индивидуални човечки права, организацијата која го отвори клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, треба да се затвори.

Бугарскиот суд навел дека причина за тоа е што целите на ова Здружение се биле спротивни на бугарскиот Устав и на законите, односно фраза која треба да подразбере – непризнавање на правото на Македонците во Бугарија да се изјаснуваат како такви.

Штета. Можеше тој клуб да помогне во зближување на двата соседни народа.

Туку, се сеќавате ли на завчерашната изјава на македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој гордо истакна дека клубот е отворен поради претходни дејанија на Владата на СДСМ?

-Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ, изјави завчера Ковачевски.

Што ли ќе изјави сега премиерот Ковачевски? Дали и постапката за „ликвидација“ на македонскиот културен клуб што сега ја покрена бугарскиот Централен регистер е исто така придобивка од Договорот за добрососедство? Или, сега и нему ќе му стане појасно дека Договорот ништо не сменил и дека приодот кој го наметнува оваа влада на СДСМ и ДУИ околу ова прашање не дава баш добри резултати.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Санкционирани 196 возачи поради брзо возење

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Османи лаже, директорот на протоколот во МНР не поднел оставка туку е унапреден за амбасадор во Русија