Чадеж: Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија

Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Македонија, изјави денеска претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан.

-Тоа ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и економиите на членките на Иницијативата, рече тој а пренесе агенцијата МИА од Белград.

Чадеж на ТВ Пинк изјави дека саемот на вино во Белград „Винска визија на Отворениот Балкан“ и саемот на вино „ВинИтали“ во Верона беа одлични можности за промоција на регионот и на нови деловни зделки.

-Важно е ние да соработуваме во регионот, но и да разговараме многу активно со ЕУ за што поскоро да добиеме влез на единствениот европски пазар и да ги уживаме четирите слободи. Тоа не е само прашање на нашиот економски опстанок, туку и европско безбедносно прашање, консолидација на ресурсите, идни иновации …, рече Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС.

Тој додаде дека постои јасен правен модел и примери како другите европски земји станале членки на единствениот европски пазар и посочи дека од клучно значење е да се започне нова комуникација и динамика на разговори со ЕУ.

-Единствен пазар што е можно поскоро, четирите слободи што е можно поскоро, српската економија и граѓаните на Србија во структурите на Европа што е можно поскоро, рече Чадеж

Претходна вестАцо Шопов во литературното списание „Апулеј”, од Париз
Следна вестМукаетов: Продолжуваме да работиме на глобализацијата на брендот „Алкалоид“