Темен режим Режим на светлина

Четири малолетнички физички ја нападнале другарката во центарот на Скопје, на улица „Орце Николов“

На социјалните мрежи вчера се појави видео на кое се гледа група малолетници во физички напад. Додека едните се тепаат, други трчат на сите страни, трети само гледаат.

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за настанот.

Како што велат случајот кај нив е пријавен околу полноќ од таткото на нападнатото девојче.

-Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Тепачките меѓу малолетни лица зачестија во последниот период. Само пред неколку дена двајца малолетници беа повредени од нож бил физички напад во автобус на ЈСП поради слободно столче.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Уцена преку телефон: 34-годишник барал пари и се заканувал со објава

Измамена скопјанка за над 7.200 евра

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Сончево со температури до 26 степени