Четворица повредени во сообраќајка на патот Велес – Градско

Четири лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа околу 22 часот на стариот реконструиран пат Градско-Велес. На стотина метри под наплатната рампа кај Градско се судриле две возила, потврдија од полициската екипа на СВР Велес кои направи увид на местото на настанот.

Со полесни повреди се здобиле трочленото семејство во едното возило – млад брачен пар со едно 21 месечно дете. Во другото возило возачот имал лесни повреди во пределот на главата

Поради сообраќајката и увидот, беше сопрен сообраќајот по стариот пат Велес-Градско, а на местото на настанот веднаш пристигна и екипа на брза помош од Велес која им укажа итна помош на повредените.

Претходна вестДури 24.549 гласачки ливчиња се неважечки, што ли граѓаните пишувале на нив?
Следна вестТаткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд