Темен режим Режим на светлина

Дефект вчера, дефект денес, дефект утре… време е за целосна реконструкција на водоводната мрежа во Скопје

Дефект вчера, дефект денес, дефект утре… време е за целосна реконструкција на водоводната мрежа во Скопје Дефект вчера, дефект денес, дефект утре… време е за целосна реконструкција на водоводната мрежа во Скопје

Речиси и да нема ден без нов дефект на водоводната мрежа во Скопје. Тоа веднаш значи дека често и на цели улици, па и реони нема подолго време вода. Екипите на „Водовод и канализација” се релативно ажурни, излегуваат на терен, копаат, санираат, но веќе следниот ден – нов проблем, нова улица, нов дефект, нови граѓани без вода.

До кога вака?

Очигледно е дека проблемот не е само во поединечни цевки кои ете несреќно пукнале – туку дека голем дел од водоводниот систем е дотраен и му треба генерален ремонт.

Треба да се смени досегашниот пристап да се решава последицата, туку мора да се најдат и санираат причините на проблемот. Време е Град Скопје и надлежното претпријатие да почнат да прават поамбициозен план за комплетна реконструкција на голем дел од мрежата.

Секојдневните дефекти создаваат револт кај граѓаните, ги попречуваат нивните секојдневните домашни активности, прават проблеми во фирмите, а во меѓувреме се губат И огромни количини вода додека траат поправките.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Општина Аеродром даде отчет за првите 100 дена мандат на градоначалникот Митески, многу сработил…

Бесплатни логопедски услуги за децата од Општина Аеродром

Следна објава
Состојбата со Дачиќ се подобрува, но се уште е критично

Состојбата со Дачиќ се подобрува, но се уште е критично