Темен режим Режим на светлина

Прекин во водоснабдувањето во две скопски општини

Центарот на Скопје денес без вода Центарот на Скопје денес без вода

Делови од општините Карпош и Бутел денеска ќе останат без вода поради интервенции во водоводната мрежа, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Прекинот во водоснабдувањето во општина Карпош е поради изведување водоводен приклучок на улицата „Демир Трајко“ бр. 51. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Демир Трајко“, како и краците 1, 3, 5, 7, 9 и 11 од улицата „Партизанска“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Во општина Бутел, пак, прекин на водата ќе има поради дефект на водоводна инсталација на улицата „Хо Ши Мин“ бр. 292. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот и ќе се нормализира по санирање на дефектот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Коњановски: Општина Битола гради 6 нови паркинг простори

Коњановски: Продолжуваат инвестициите во образованието – реконструкција на спортската сала во ОУ „Елпида Караманди“

Следна објава
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп со бесплатна акција за подигање габаритен отпад

ЈКП „Комуналец“ - Прилеп со бесплатна акција за подигање габаритен отпад