Темен режим Режим на светлина

Денес очекувајте локални врнежи од дожд

Променливо облачно со локални врнежи од дожд Променливо облачно со локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец, кој ќе достигне над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Како што информира УХМР, в сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

В недела ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Албанија забрани влез на познат верски проповедник, осомничен за терористички акти

Следна објава
Во Драчево прегазено 4-годишно дете, итно префрлено во болница

Вонредна вест: Излетал камион кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин