Темен режим Режим на светлина

ДУИ демантираа: Али Ахмети нема да се повлече од лидерската позиција

али-ахмети

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, ги демантираше наводите дека лидерот на партијата Али Ахмети ќе се повлече од политиката по локалните избори. Ваквите објави ги оцени како дезинформации чија цел е да ги демотивираат гласачите пред вториот изборен круг на 2 ноември.

„Повлекувањето на Али Ахмети воопшто не доаѓа предвид. Напротив, ДУИ е победничка партија – освоивме 23.000 гласови повеќе од ВЛЕН и го зголемивме бројот на советници на 120“, изјави Адеми.

Тој најави дека денешната седница на претседателството ќе биде посветена на анализа на резултатите и актуелната политичка состојба, но не и на прашањето за лидерската позиција.

Претходно, албанскиот медиум Фол објави дека Ахмети размислува за повлекување по изборите, но од ДУИ порачаа дека такви најави се невистинити и злонамерни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Tрамп ги прекина сите трговски договори на САД со Канада

Следна објава

20 загинати во пожар на приватен автобус во Индија