Уште глувци и стаорци фалеа на скопските улици. Граѓаните почнаа да споделуваат на социјалните мрежи и по некое видео како глодарите шетаат околу купиштата ѓубре.
Особено е алармантно што дете беше и каснато од глушец во близина на училиште каде имало многу насобрано отпад. Ова е крајно опасно. Ова е недозволиво. Ова бара итна реакција на надлежните служби.
Глувците и стаорците се преносители на сериозни заразни болести. А познато е дека овие глодари се размножуваат со неверојатна брзина и во огромни бројки.
Сите надлежни институции треба најитно да се координираат и да извршуваат дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Секако и да го отстранат жубрето од скопските улици.
Втора работа што треба да се направи е Обвинителството и МВР откако веќе го проверуваа работењето на ЈП „Комунална хигиена” работата да ја завршат до крај. Да се открие зошто дојде до оваа ситуација и сите кои работеле незаконски и несовесно да бидат казнети.
Доста е со префрлање на вината меѓу разните политички актери и функционери. Треба да се дознае кој е навистина виновен. Лицата поради кои се појавија глувци низ Скопје не треба да им се остави да се сокријат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



