(Видео) ЈП Комунална хигиена – Скопје за еден ден собра до 350 тони ѓубре за еден ден

18

Подигнати 350 тони комунален отпад изминатата ноќ во Скопје. Ова го соопшти Јавното претпријатие Комунална хигиена. Акцијата била спроведена на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Воедно од јавното претпријатие информираат:

“Досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. Претпријатието во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина”, нагласија од Комуналците.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово
Следна вест(Видео) Да се решат глувците, но и да се сокријат лицата поради кои тие се појавија по скопските улици