Темен режим Режим на светлина

Денеска ќе дојдат ли нови емисари за да ни кажат – сменете го Уставот?

ЕУ пак ни прати порака дека ептен е подготвена да не прими во Унијата ЕУ пак ни прати порака дека ептен е подготвена да не прими во Унијата

Помина уште еден ден во кој на гости ни дојдоа европски дипломати и ни кажаа дека мора да се смени Уставот. Денеска ќе има ли нови емисари?

Прашањето се поставува од искуството кое го има Македонија до сега низ годините. Кога земјата дреба да направи некои отстапки, да изврши нечии барања, посетите на евробирократите, или на водечките дипломати на држави од ЕУ – зачестуваат.

Вчера тројцата министри за надворешни работи: на Австрија, Александер Шаленберг, на Чешка, Јан Липавски и на Словачка, Мирослав Влаховски, јасно порачаа – сменете го Уставот, сега е времето за тоа. Споменуваа и тоа дека не се мешаат во внатрешните работи на земјава. А кажаа и за некаква си изолации ако Македонија не го спроведе тоа што се очекува од неа.

Што би ни кажале ново оние кои можеби уште денеска ќе дојдат? Само ќе бараат испорачување на нивните барања или конечно ќе го дадат она што го добија сите земји при зачленувањето – правичност, држење до одамна утврдените критериуми, негазење по националните чувства и права…

ЕУ до сега не навикна на вакви нејзини ставови кога се работи за нас:

-Брисел многу го посакува зачленувањето на Македонија во Унијата.

-Договорот од Преспа со Грција како и Договорот со Бугарија служат како јасен израз на искрената желба на Македонија да биде дел од семејството на ЕУ…

-Само уште треба да го смените Уставот…

-Разбираме дека имате чувство на разочараност заради должината на пристапниот процес на вашата земја…

И така е со години.

Ќе биде ли поразлично кога ќе дојдат новите емисари?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ги лечеле луѓето бесплатно: Се празнуваат светите Козма и Дамјан

Следна објава

Скопјанка пријавила дека била нападната, пријавениот дека бил удрен со возило