Темен режим Режим на светлина

Дете почина во авион: Драма на небото над Будимпешта

11-годишно дете почина утрово во авион кој летал од Истанбул до Њујорк.

Авионот принудно слетал на аеродромот во Будимпешта, каде медицинските тимови можеле само да ја потврдат смртта на детето.

Екипажот на авионот побарал итна дозвола за слетување откако детето изгубило свест.

Спасувачките екипи чекале на пистата и се обиделе да го реанимираат детето, но спас немало.

Според унгарските медиуми, авионот треба да го продолжи патувањето во текот на денот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Скопјанец нападнат по расправија за сообраќајот

Следна објава

Општина Аеродром ќе му донира 500.000 денари на Делчево