Димитриевска – Кочовска: Повеќе пари за проекти, пензионерите и младите – дефицитот останува непроменет

14

Министерката за финансии, Гордана Димитриевска – Кочовска, го претстави ребалансот на Буџетот за 2025 година како „флексибилна, но одговорна корекција“ која не ја менува фискалната рамка: планираниот дефицит останува 41,3 милијарди денари, односно 4 % од БДП.

Вкупните расходи се зголемуваат за околу 3,5 милијарди денари (приближно 1 %), што ги одразува приоритетите утврдени по првото полугодие. На приходната страна се планираат 362,4 милијарди денари или 1 % повеќе од првичниот план, главно поради зголемени неданочни приходи и проширување на сметките за самофинансирачки активности; даноците остануваат во рамките на оригиналната проекција, а се очекуваат 30,6 милијарди денари неданочни и 2,8 милијарди денари капитални приходи.

Најкрупната промена е социјалниот пакет: дополнителни 800 милиони денари за покачување на плати во јавниот сектор, 2,5 милијарди денари за исплата на зголемени пензии и 300 милиони денари за нови капитални проекти. Паралелно, 1 милијарда денари оди за 10 % повисоки плати во Министерството за внатрешни работи, а уште 1 милијарда денари се насочени кон Министерството за одбрана за проекти со „поинтензивна реализација“. Развојната компонента се зајакнува: капиталните расходи остануваат проектирани на 47,4 милијарди денари (4,6 % од БДП) за патишта, железница, модернизација на болници, училишта и рурален развој. Локалните инфраструктурни проекти добиваат дополнителни 584 милиони денари, па за општините во 2025 се планирани вкупно 6,5 милијарди денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестГрадоначалникот Ѓорѓиевски на средба со турскиот амбасадор Улусој во неговата резиденција
Следна вестДимитриевска – Кочовска: Повеќе пари за проекти, пензионерите и младите – дефицитот останува непроменет