Темен режим Режим на светлина

(ВИДЕО) Прва скопска ТВ: Орце Ѓорѓиевски на средба со жителите во Волково

На средба со граѓаните во Волково, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски го започна дружењето со жителите од општина Ѓорче Петров.

„За мене е огромна чест да бидам меѓу народот, со луѓе кои веруваат, кои знаат да препознаат чесна работа, искрена намера и вистинска посветеност“, рече Ѓорѓиевски пред присутните.

Тој посочи дека Ѓорче Петров денес е општина – променета на подобро, благодарение на проектите што се реализираат со срце и душа за секое населено место, вклучувајќи ги Волково, Даме Груев, Никиштани и Стопански двор.

„Секое населено место заслужува уште повеќе. Поддршката нема да изостане – од мене ќе ја имаат секогаш. Ќе имаат вистински партнер и пријател“, порача Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Се скарале за сообраќај, па се степале на паркинг на Бит Пазар

Следна објава

Полицијата дома и најде дрога, приведена 21-годишна скопјанка