Панел дискусија во Прилеп – „Од политика до професија: Жената под постојан напад“

98

Позитивна енергија во Прилеп, кандидатката за градоначалник Петра Лукароска успева да ги обедини сопартијците, но и да освои симпатии и од независните.

Денес, Форумот на жени на СДСМ Прилеп, организираше панел-дискусија „Од политика до професија: Жената под постојан напад“

За ова известија и од самиот Форум на жени ОО СДСМ Прилеп:

Успешно одржана панел-дискусија во организација на Форум на жени на ОО на СДСМ Прилеп

„Од политика до професија: Жената под постојан напад“

Жените сè уште се соочуваат со навредливи, сексистички и деградирачки коментари особено кога се гласни, активни и професионално ангажирани.

Лажни профили, ботови и организирани напади на социјалните мрежи се современи алатки на замолчување на жените.

Гласот на жената е важен и во политиката, на работното место, и во јавноста!

Нема назад! Ќе продолжиме храбро, солидарно и гласно една за сите, сите за една!

Благодарност до панелистките Јасмина Ангелова, Кети Стевананџија и Тања Барлакоска за инспиративните дискусии. Благодарност до сите присутни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПолицијата дома и најде дрога, приведена 21-годишна скопјанка
Следна вестВо прекин сообраќајот на патниот правец од Кравари до ГП Меџитлија