Димитриевски: Да станеме свои на своето и тогаш ќе може да се отвори портата во Европа

Максим Димитриевски како претседателски кандидат се обрати пред граѓаните на Охрид. Тој посочи дека движењето ЗНАМ отвора нови можности и сака да обединува.

-30 години не убедуваат за соживот, заемно почитување, еднакви сме сите, а од сето тоа нема ништо, ниту абер има. Единствено е убаво за нив. Тие коишто од година во година ги ставаме на позиција да ја водат власта и потоа едните си заминуваат, а бетер од нив доаѓаат. И така 30 години оваа напатена Македонија гледа како граѓанинот обичен е на колена. Е па доста беше. Има нова надеж и можност за Македонија. Тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, рече Димитриевски.

Тој додаде дека немаат намера луѓето да ги користат за една употреба, туку да ги зближуваат, да шират позитивна енергија. Димитриевски потенцира дека имаат најчесна намера да се борат за народот и Македонија.

-Македонија мора да продолжи да се развива како држава. Ветуваат дека во Европската унија ќе бидеме во 2030 година. Тоа не е точно. Не гледаат во очи и не манипулираат. За да станеме членка на ЕУ првенствено треба Македонија да ја средиме да личи, да биде стабилна и да е самоодржлива држава. Треба да си ги засукаме ракавите дома, да си се фатиме за работа, да ја спречиме енормната корупција и криминалот во државата, којашто ја создадоа и ја создаваат политичките елити. Да станеме свои на своето и тогаш ќе може да се отвори портата во Европа да влеземе таму како достоинствени и горди Македонци,а не како негирани луѓе од балканските простори, истакна Димитриевски.

Претходна вестИспадна капак од мотор за време на полетувањето на Боинг во САД
Следна вестПоднесено ново обвинение против Максим Димитриевски