Темно Режим Светло Режим

Доктор Катерина Паниќ – Мирчовска нов в.д. директор на кочанската болница

По барање на повредени пациенти од трагедијата во Кочани, доктор Катерина Паниќ – Мирчовска е нов в.д. директор на кочанската општа болница, потврди попладнево заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација.

–Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната рехабилитација, да биде таму, појасни Андовски.

Пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство.

Претходниот Пост

Стефковски за Прва скопска ТВ: Не дојдов во Гази Баба за да владеам, туку за да работам

Следниот Пост

Втор екстерен испит од матура, најмногу пријавени за англиски јазик