Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во утринските часови. Во текот на денот ќе има и кратки сончеви периоди, додека кон вечерта и во текот на ноќта повторно се очекува дожд на повеќе места. На повисоките планински предели врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од 2 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 9 до 14 степени.
Во Скопје се очекува слично време со повремени врнежи од дожд, претежно наутро и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5 степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а со продор на постуден воздух и засилен северен ветер на почетокот на следната седмица дождот на некои повисоки места ќе преминува во снег.





