Темен режим Режим на светлина

ДУИ: ВМРО ДПМНЕ константно креира лажни вести

Секојдневната кампања на ВМРО ДПМНЕ против ДУИ, претседателот Али Ахмети, како и други членови на ДУИ, преку константно креирање на лажни вести е обид да ги затскрие вистинските антиевропски и антиалбански мотиви на водството на ВМРО ДПМНЕ, соопштија денеска од партијата на Али Ахмети.

Во соопштението се наведува дека градоначалникот на Бутел бара да се избришат имиња на улици само затоа што се имиња на албански дејци, Христијан Мицкоски забранува издавање на дозволи за градби и легализации на албански фирми и сопственици, забранува да се дава работа на албански компании од страна на нивните градоначалници, бара моноетничка влада и вели дека никогаш нема да го смени Уставот и дека не го интересира што велат од Брисел и од Вашингтон за европскиот пат на нашата земја.

-Ова ВМРО ДПМНЕ е спаднато на историски најниското ниво без ниту една вредност и затоа нема доверба членството во нивниот претседател и во партијата, туку повеќе им веруваат на претходното раководство кое им носеше само победи. ВМРО ДПМНЕ е судски потврдено криминално здружение со лично признание на пола партија пред суд. Али Ахмети побара истрага за сите во ДУИ и најави дека никој не е заштитен, но не и лов на вештерки најавуван од страна на ВМРО кој што ги потсетува граѓаните како имаат намера да владеат, а тоа е да бидат и истражител, и обвинител , и судија, и затвор, и медиум, и невладин претставник, се во едно, заробена држава, се вели во соопштението од ДУИ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Преписка со шефот ка Кавачкиот клан: Секој месец од шверцот со цигари на Мило му носиме по 300.000 евра лично на рака

Следна објава

Секој Германец должи по 13.065 евра, Германија и официјално во рецесија