Темен режим Режим на светлина

Жената која ја прегази багер на улицата „Јордан Мијалков“ била археолог, го истражувала Скупи

Археолог со долгогодишно искуство и која остварила значајни резултати во истражувањето на локалитетот Скупи била жената којашто во саботата била прегазена од багер на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје. Македонско археолошко друштво соопшти дека се работи за шеесет и шестгодишната Ленче Јованова, долгогодишен член на МАД и кустос советник во Музеј на град Скопје. Од МАД велат дека со големо неверување на примиле веста дека нивната колешка трагично го загубила животот во немил настан.

-Ленче Јованова остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура. Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум. Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот“ пишува во објавата на фејсбук-страницата на МАД.

Јавното Обвинителство вчера соопшти дека багеристот кој удри жена на пешачки премин не се придржувал до сообраќајните прописи.

-Осомничениот 42-годишник од Скопје, на 1 јули, на улицата “Јордан Мијалков“ во Скопје, управувал мобилна машина „Лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На обележан пешачки премин со машината удрил во телото на една жена-пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, соопшти Јавното обвинителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Приведени 20 лица на „Д Фестивал“ кај нив пронајдена разновидна дрога

Следна објава

Делови од Карпош и Ѓорче Петров утре без струја