Два протести во Скопје денеска: Градоначалници, или вие пресудете им на проблемите, или тие ќе ви пресудат вас

Настрана од политички организираните- во Скопје граѓаните протсестираат, во последно време секојдневно и тоа заради различни незадоволства. За денеска се најавени повторно протести во Ѓорче Петров. Пред два дена жителите во истата населба се кренаа против изградба на висококатница на оваа територија. Денешните протести се против дивеењето и трките на улицата „Борис Сарафов“, а стартуваат во 16 часот со блокада на улицата.

Но не се само ѓорчепетровци. Денеска се креваат и жителите на Маџари, пред железничката рампа, поради проблемот со нелегалната дива депонија „Вардариште“, која редовно се пали и го загадува овој дел на градот. Надлежните се незаинтересирани и неопходна е граѓанска силна порака велат иницијаторите на протестот. Се бара затворање на претоварната станица – како што последно ја нарече депонијата градскиот татко Петре Шилегов, како и затворање на сите пристапни патишта кои водат до неа. Колку за потсетување, кога почнаа сериозните проблеми со депонијата Шилегов изјави дека таа се расчистува, за да во истиот ден камерите го регистрираат спротивното – како се полни. По неколку дена Шилегов се предомисли, повеќе не ја нарекуваше депонија туку „претоварна станица“
-Да излеземе сите,тука нема политика,се бориме за основни права, се вели во повикот.

Но клучното прашање е кој ги слуша и дали допираат до надлежните граѓанските протести? Според сликата на терен, гласот на народот ништо не менува. Но локалните власти, како одминуваат годините на владеење, така се повеќе забораваат кој ги бира и како седнуваат во фотељите. И можеби е време да се освестат и да направат нешто. Во спротивно, локалните избори наближуваат, па ако градоначалниците не им пресудат на проблемите, несомнено вторите-проблемите ќе им пресудат ним. Преку гласот на народот – се разбира.

Претходна вестЗаврши ли владината решителна борба со дивоградбите?
Следна вестОд дома на „Киненова“, од 8 до 18 октомври