Темен режим Режим на светлина

Два швајцарски града одлучија минималната плата да изнесува 4.075 евра

Референдум во Швајцарија: Даночни реформи, готовина и климатски фонд на гласање Референдум во Швајцарија: Даночни реформи, готовина и климатски фонд на гласање

Два швајцарски града воведуваат минимална плата која ќе изнесува 24 швајцарски франци на час. Се работи за Цирих и Винтертур каде што месечната плата би изнесувала околу 4.000 швајцарски франци месечно што е околу 4.075 евра.

За споредба, минималната плата во Германија е околу 2,7 пати пониска од таа во Цирих и Винтертур.

Политичката поддршка за високатa минимална плата е повеќе од јасна. Во Цирих ја поддржуваат 70 отсто од граѓаните, во Винтертур 65,5 отсто. Иницијативата за подигање на минималната плата ја водеа левите партии со теза дека тие кои многу работат мора и пристојно да заработат.

Во Цирих околу 17 илјади лица заработуваат помалку од 4.000 франци месечно. Тоа главно ги погодува работниците во малопродажба, хигиена и угостителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од 1 јули целосно се забрануваат најлонските ќеси

Следна објава

Почнуваат Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“