ЕХФ Лига: РК Еурофарм Пелистер го совлада Мотор Запорожје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа тимот на Мотор и така дојдоа до вториот триумф сезонава во Европската Лига. Битолчани на крајот славеа со 33-30, во меч во кој имаа проблеми само на стартот од мечот, а потоа кога го презедоа водството, го држеа се до крајот на мечот.

Неизвесен беше првиот дел во кој ниту еден тим не отиде на повеќе од два разлика, а така беше и на крајот кога Пелистер имаше 16-18 по првиот дел.

Одличниот почеток на вториот дел на Еурофарм Пелистер му донесе и предност од четири, па во неколку наврати и предност од шест разлика (25-31 и 27-33), за на крајот кога се беше решено, Мотор да даде три гола по ред и само да го ублажи поразот.

Мотор немаше решение за Хенеберг кој постигна неверојатни 14 голови. Кај домашниот тим Турченко со седум беше најефикасен.

Ова беше втор триумф за пелистерци, додека Мотор го запиша и четвртиот пораз во четвртиот меч.

Претходна вестВо штипската модуларна болница украдени 20 до 30 метри бакарни цевки
Следна вестТројца кандидати за директор на Агенцијата за национална безбедност