Темно Режим Светло Режим

Елмас: Срцето кое го покажував кон камерата беше за навивачите, сите ги сакам

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас синоќа ја откри енигмата околу тоа кому му била наменета гестикулацијата со правењето на срце при прославата на голот за Наполи. Тој синоќа му донесе победа на Наполи на незгодното гостување кај Аталанта со 2-1 во 13. коло од Серија А.

-Ова е и гол на Осимен, а не само мој. Не секој би ја додал топката во ситуацијата во која се најде Виктор, многумина би шутирале. Треба да размислуваме за натпревар по натпревар, да тренираме за да бидеме подобри. Ќе видиме дали може да се бориме за титулата. Срцето кое го покажував кон камерата беше за навивачите, сите ги сакам, објасни Елмас.

Тој доби шанса во тимот на Наполи за што на новиот тренер Валтер Мацари му врати со одлична партија и со клучниот гол за победа на својата екипа и тоа на годишнината од смртта на легендатата на овој клуб, Диего Марадона.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

АМСМ: Патот Крива Паланка – Нерав во прекин поради снег и одрон од камења

Следниот Пост

Во Собранието заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на ДКСК