Темен режим Режим на светлина

Енергетски шок на повидок: Нафтата може да оди до 200 долари

Кина го стопира извозот на бензин и дизел, сака да го заштити домашниот пазар Кина го стопира извозот на бензин и дизел, сака да го заштити домашниот пазар

Цената на нафтата би можела да достигне и до 200 долари за барел доколку продолжи ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, предупредуваат аналитичарите.

Според нив, најголем ризик за пазарот претставува евентуално нарушување на снабдувањето преку Ормускиот теснец, преку кој поминува значителен дел од светската нафта. Во услови на прекин или ограничување на транспортот, цените би можеле нагло да пораснат.

Во изминатиот период, цените веќе покажаа силни осцилации и во одредени моменти надминаа 100 долари за барел, што дополнително ги зголемува стравувањата од нов енергетски шок.

Некои проценки и изјави од регионот одат чекор понатаму, со предупредувања дека во најлошо сценарио, цената може да достигне дури и 200 долари за барел, доколку кризата се продлабочи и дојде до сериозен прекин во глобалното снабдување.

Експертите посочуваат дека идното движење на цените ќе зависи пред сè од геополитичките случувања, но и од можните интервенции на големите економии преку ослободување на стратешките резерви, со цел стабилизација на пазарот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Воените операции во Иран голем трошок за САД, Пентагон побара нови 200 милијарди долари за оружје

Воените операции во Иран голем трошок за САД, Пентагон побара нови 200 милијарди долари за оружје

Следна објава
Курдски групи се нудат копнено да го нападнат Иран, САД се мисли дали да ги поддржи

Курдски групи се нудат копнено да го нападнат Иран, САД се мисли дали да ги поддржи