Новиот закон за заштита од пушење на 24 март ќе се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собранието, најави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Тој очекува целата процедура до усвојувањето да заврши до средината на мај.
Иако првично, беше најавено новите правила за пушење да стартуваат од 1 март, сепак рокот беше пролонгиран за да се усвојат некои од забелешките дадени од угостителите и тутунската индустрија.
Според новите предлози, пушење ќе биде дозволено на тераси со најмалку две отворени страни или со отворен кров, а воедно, ќе биде задолжително јасно физичко одвојување на просторот за пушење од внатрешниот дел на локалите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





