Еурофарм Пелистер долго се држеше добро против фаворитот Кил, навивачите беа одлични

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, одигра добар натпревар против германскиот првак „Кил“. Сепак гостите во Битола победија со 23:20.

Одличната петилјадна публика ги инспирираше ракометарите на Еурофарм па во голем дел од средбата не дозболија фаворизираниот Кил да води туку резултатот беше често нерешен. Сепак при крајот на натпреварот гостинските ракометари направија мала разлика која го одлуќи победникот.

– Ние сме најмладиот учесник во групата „А“, но можевме да изненадиме со поволен резултат доколку на крајот не направевме почетнички грешки, изјави по натпреварот, тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ.

По мечот своите импресии даде и познатиот Хрват од редовите на Кил, Домогој Дувњак:

-Прекрасна атмосфера, знаевме дека не чека жешка атмосфера, добро се подготвивме. Велам дека играме ракомет поради оваа атмосфера, секоја чест за домаќините, истакна тој.
Претходна вестШто бидна со многунајавуваната фабрика за електрични возила во Тетово?
Следна вестПо изградените 1.300 километри нови патишта, сега Маричиќ најавува градење по 23 километри автопат годишно