Темен режим Режим на светлина

Фатен на радар ,,летал” со 221 км на час

За брзо возење на патиштата низ Македонија полицијата вчера казнила вкупно 549 возачи. При контролата, полициски радар регистрирал и возило кое се движело со 221 км на час.

 – Од вкупно 549 санкционирани возила, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 330 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 219 надвор од населено место. 51 возило се од Скопје, велат од МВР.

 Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, се апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја пречекоруваат дозволената брзина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Најубавите љубовни песни од Балканот ќе бидат испеани со Македонска филхармонија

Следна објава

Кокаинско лудило во Европа, кокаинот се купува исто како и пица