Темен режим Режим на светлина

Филипче: Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани

Филипче: Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани Филипче: Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на сите верници од православната вероисповед им го честиташе денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

„Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.
Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.
Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани.
Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! За многу години Велигден!“, напиша Филипче во објавата на Фејсбук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не ни треба процес без крај, туку заслужена европска иднина

Мицкоски го честиташе Велигден со порака за единство, меѓусебна почит и разбирање

Следна објава
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Ограбени малолетници во Градски парк, напаѓачите се уапсени