Темен режим Режим на светлина

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата во вредност од 1,2 милиони евра, обвини СДСМ

СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион? СДСМ: Ако сѐ било законски, зошто Владата не ги објавува листите со патници од владиниот авион?

Фирма со само тројца вработени за период од два месеца добила државни тендери во вкупна вредност од околу 74 милиони денари, односно приближно 1,2 милиони евра, од институции под надлежност на Владата, посочија од СДСМ.

Како што наведоа се работи за фирма која е формирана пред околу две години, а која според јавно достапните податоци има само три вработени лица.

– Фирмата добива договори од: Генералниот секретаријат на Владата, Службата за општи и заеднички работи.

Како и во претходните објавени случаи, и овде повторно станува збор за набавки на IT опрема и софтвер.
На 13.10.2025 година е склучен договор со Министерството за финансии, вреден околу 60.000 евра.

Само два дена подоцна, на 15.10.2025, следи нов договор со Генералниот секретаријат на Владата, во вредност од речиси 980.000 евра. На 01.12.2025 година, шест недели подоцна, фирмата добива уште еден тендер – овојпат од СОЗР, за софтвер за следење на работни процеси, вреден околу 76.000 евра, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска и додаде дека Според достапните информации, сопственикот на фирмата дипломирал на Машинскиот факултет, на насоката мехатроника и роботика – токму на факултетот каде премиерот е професор.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дали Коцевски со одлагањето на оставката купувал време за да се заташкаат 40-тина предмети од бивши функционери на СДСМ и ДУИ

Следна објава

105 години Филозофски факултет во Скопје – историја, предизвици, идна дејност