Темен режим Режим на светлина

(ФОТО) Го спасија ГТЦ од панорамскиот лифт, ама две години нема кој да го спаси од шутот што остана

Безмалку две години од почетокот на изградбата и нешто помалку од запирањето на градењето на панорамскиот лифт во ГТЦ, местото каде тој требаше да биде и натаму изгледа како руина.

Оние кои секојдневно поминуваат на ова место, кај познатите скалила кои водат до горната тераса на ГТЦ, можат да видат остатоци од шут и некој градежен материјал, кој е прекриен со платно. Две години никој не се најде да ги тргне овие остатоци.

Оние кои се сеќаваат, на местото веднаш до скалите во април 2020 година започна да се гради панорамски лифт. Раководството на ГТЦ кажа дека е за пристап на лица со хендикеп, но по жестоките реакции на стручната и општата јавност – дека лифтот е дивоградба што го нагрдува архитектонското наследство и по објавата од  Општина Центар  дека не е надлежна за издавање градежна дозвола бидејќи станува збор за пристап за инвалиди, раководството на ГТЦ се повлече од планот.

Тогаш објаснија дека бидејќи изградбата започнала, на инвеститорот ќе му с еисплатат 20 отсто од договорената сума.

-Со фирмата изведувач имаме склучено договор да им се плаќа по фази на изведба. Изведена беше првата и втората фаза, што значи ќе мора да им исплатиме околу 20 отсто од вкупната сума, рекоа тогаш од ГТЦ.

За изградбата на панорамскиот лифт требаше да бидат потрошени 4 милиони денари односно 65.000 евра.

Но, од ГТЦ ниту тогаш ниту сега не кажуваат – кој е надлежен да го расчисти ѓубрето кое две години тои на овој влез на ГТЦ, и дали некој ќе го поправи она што беше уништено на фасадата на ГТЦ?

Дополнително, ова култно место кое некогаш беше познато како „Чичко Стоилко“ по истоимената сендвичара е див паркинг и ругло поради зградата на ЕВН, која е во непосредна близина, која изгледа како монструм без фасада.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Наскоро закон за регулирање на криптовалутите и дигиталниот имот - опозицијата смета дека доцниме зад сите

Следна објава
Уцена преку телефон: 34-годишник барал пари и се заканувал со објава

НБМ со мерка против профитерите: Ако менувачниците немаат девизи ќе можат да купуваат од банките