Темен режим Режим на светлина

Герасимовски: Центар ја совлада екипата на Кисела Вода во фудбал на 41-те маџирмаалски средби

Денеска, екипата на општина Центар, предводена од градоначалникот Горан Герасимовски издвојува победа против екипата на Општина Кисела Вода, на ревијалниот натпревар во рамки на 41-те Маџирмаалски средби.

-Игравме фанта – стара, но добро зачувана игра, со што ја негуваме традицијата и спортскиот дух на нашата заедница. Гордост ми е што и оваа година сме заедно на овие прекрасни Маџирмаалски средби! Нашата традиција живее преку спортот, дружбата и заедништвото, а мојата поддршка ќе продолжи и во иднина. Изненаден сум од оваа позитивна енергија, од ова другарство и од целокупната организација, ви симнувам капа. Да славиме уште многу години! Да сте ми живи и здрави, мои Центарци, мои Маџирмаалци!, истакна Герасимовски.

Маџирмаалските средби, по 41-ви пат почнаа вчера, традиција којашто се одржува со децении и го чува духот на Маџир Маало, како едно од најстарите и најавтентичните скопски маала. На самото отворање, Герасимовски потенцираше дека има голема чест што заеднички со маџирмаалците се одбележуваат овие денови.

-Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентичните скопски маала – место со душа, каде што се чувствува посебната магија на градот. Нека оваа прекрасна традиција продолжи уште многу години!, рече Герасимовски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Сообраќајка на бул. „Никола Карев“, повредени двете возачки

Следна објава

Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење