Темно Режим Светло Режим

Голем пресврт на ТФТ за 1-1 во серијата против Златибор

Голем пресврт на ТФТ за 1-1 во серијата против Златибор Голем пресврт на ТФТ за 1-1 во серијата против Златибор

ТФТ израмни на 1-1 во четвртфиналната серија во АБА 2 лига, откако на домашен терен го совлада Златибор со 87-79. Тимот од Тафталиџе до победата стигна благодарение на одличната игра во последната четвртина.

Најефикасен кај домашните беше Дејвис со 24 поени, Гордон додаде 16, Говенс постигна 15, а Зафиров натпреварот го заврши со 13 поени.

И покрај слабата игра во првото полувреме, кога ТФТ имаше негатива од 18 поени и на паузата замина со 33-49, екипата во вториот дел успеа целосно да се врати во игра. Во третата четвртина постепено ја намалуваше разликата, а со серија од 13-0 дојде до прво водство од 60-59.

Златибор возврати со осум поени во низа за нова предност од 60-67, но ТФТ брзо се врати и израмни на 67-67, по што следуваше неизвесна завршница. Во клучните моменти, домашниот тим успеа да направи разлика и во последната минута да стигне до 85-79, што се покажа како доволно за победа.

Реваншот ќе се одигра на 31 март на теренот на Златибор, а победникот од овој дуел ќе обезбеди пласман во следната рунда.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Отворен шаховски турнир за ученици од основните училишта во „Димитар Миладинов“

Отворен шаховски турнир за ученици од основните училишта во „Димитар Миладинов“

Следниот Пост
Ердоган: Турција работи на мир во конфликтот САД-Израел – Иран

Ердоган: Турција работи на мир во конфликтот САД-Израел – Иран