Темен режим Режим на светлина

Голема полициска акција на 15 локации – запленета дрога и оружје во Скопје, Струмица и Штип

Голема полициска акција на 15 локации – запленета дрога и оружје во Скопје, Струмица и Штип Голема полициска акција на 15 локации – запленета дрога и оружје во Скопје, Струмица и Штип

Седум лица од Скопје, Струмица и Штип се приведени во полициска акција спроведена на 15 локации низ државата, поради сомневање за организирана продажба на дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата ја реализирал Одделот за сузбивање организиран криминал во координација со Обвинителството, со учество на СВР Струмица, ЕБР и единицата „Тигар“.

При претресите се запленети наркотични дроги, пиштол и муниција, седум возила, мобилни телефони и поголем износ пари.

Против приведените ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а истрагата продолжува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Kај Железничката станица во Скопје граѓани предупредуваат за сомнително лице што вознемирува жени

Kај Железничката станица во Скопје граѓани предупредуваат за сомнително лице што вознемирува жени

Следна објава
Нови проекти во Шуто Оризари: инфраструктура, стадион и културен центар

Нови проекти во Шуто Оризари: инфраструктура, стадион и културен центар