Темен режим Режим на светлина

Голема полициска акција, приведени се вработени од затворската полиција и поранешен директор на затворот Шутка

Во голема полициска акција утрово е приведен Филип Андонов -Сокол, поранешен директор на КПУ Затворот во Шуто Оризари и Сашко Крстевски – Ѕверот, заповедник во истиот затвор, кој од пред неколку месеци е во пензија. Приведени се и повеќе поранешни и сегашни вработени во затворите кои работеле незаконски и биле дел од криминална мрежа, потврдуваат од Управата за спроведување санкции.

Сите се приведени поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластувања и овозможување бегства на затвореници и соизвршителство.

-Уште кога стапив на должност во Управата за спроведување санкции, пред 8-9 месеци веднаш спроведовме контроли за работењето во казнено-поправните установи и беа констатирани злоупотреби во работењето на некои од раководниот кадар во затворите. Сознанијата од контролата беа веднаш доставени до МВР и Обвинителството, а во оваа акција се приведени некои од тие за кои имавме констатирано злоупотреби при контролата. Еве почнуваат да се докажуваат сомнежите за нивните злоупотреби, а контролите на работењето во затворите и понатаму ќе продолжат, вели директорот на Управата за санкции, Александар Пандов.

Од Обвинителството за гонење органииран криминал и корупција, известуваат дека акцијата е во тек.

-Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот, велат од ОЈО ГОКК.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицијата одзеде три возила во контроли во Велес

Полицијата вчера казни 732 возачи, 194 возеле над дозволеното

Следна објава

Расчистен случајот со лажните дојави за бомби испратени во февруари во 4 училишта во Скопје