Темен режим Режим на светлина

Расчистен случајот со лажните дојави за бомби испратени во февруари во 4 училишта во Скопје

Од „играчка-плачка“, двајца 14 годишни основци од скопски Чаир заработија кривични пријави оти месецов во два наврати ги испразнија клупите во едно основно и средно училиште и ги дигнаа екипите за антитероризам на нозе, откако преку е-маил испратиле лажни дојави за бомби. МВР веќе ја подготвува пријавата за двајцата малолетници за лажните дојави за бомби до ОЈО, а според информациите, тие во полициска станица во Чаир во присуство на родителите и инспекторите признале што направиле, а одземени им се и мобилните телефони од кои лажно се заканувале.

-Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле е-маил со заканувачка содржина за поставена бомба во две улилишта(едно основно и едно средно)во Скопје. Исто така, на 21.05.2025 од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле е-маил со заканувачка содржина за поставена бомва во две училишта(едно основно и едно средно) во Скопје, рече Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Ваквите постапки, не само што наметнуваат страв и ги активираат службите кои трошат ресурси на детски игри, туку го парализираат и општеството, па се празнат училишта и се викаат родители да ги земаат децата, велат експертите по безбедност. Според нив, децата од најрана возраст треба да се едуцираат за општата-безбедност за да разберат дека не е шега. Но, сепак, предупредува, дека ваквите постапки не треба да променат ништо во протоколите и дека МВР и натаму треба да остане будна околу дојавите.

-Неопходно е да има процеси, пред се образовни, бидејќи пред се кажавте се работи за малолетници, да се воведат предмети, да се подигне тој степен на безбедносно-општествена култура, да речеме, да се знае дека одредени дејствија носат последици по себе и дека има некои работи, кои и покрај тоа што се малолетници, на децата да им укажеме дека одредени се штетни по општеството и дека непромислено е на такви работи да го насочуваат своето внимание и својот интерес, изјави Александар Нацев, универзитетски професор.

Дојавите за бомби за прв пат започнаа пред три години, кога при секоја закана се празнеа училиштата и цели екипи го прегледуваа секој агол барајќи експлозивни направи. Потоа се создаде протокол според кој начинот на проверка се промени и немаше штета врз наставата. Последниот обемен број на дојави беше овој месец кога на училишните маилови ширум земјава пристигнаа дури 240 лажни закани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Голема полициска акција, приведени се вработени од затворската полиција и поранешен директор на затворот Шутка

Следна објава

Заврши руско-американската средба во Истанбул