Темен режим Режим на светлина

Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот

Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот

Македонија увезува кромид, лук, патлиџани, грав, краставици, компири. А Македонија има многу плодно земјиште и клима идеална да се садат барем овие работи кои ги увезуваме.

Апсурд. Голем.

Уште поголема е апсурдноста ако се видат само вчера објавените пари кои државата ги издвоила за земјоделството. Ресорното министерство соопшти дека исплатило над 237 милиони денари кон македонските земјоделци. Плус се парите кои се делат за рурален развој.

Големи бројки кога се во прашање парите, а бројките на прозведено се мали. Каде е грешката? Каде е проблемот? На ова треба да се фокусираат од министерството. Не е доволно да напишат во соопштение:

„Продолжуваме со поддршка кон македонските земјоделци”.

Земјоделството како да е оставено полека да пропаѓа. Се проверува ли добро кому се даваат парите, им се прават ли услови на чесните земјоделци да работат и да се шират, им се гарантира ли откупот,
оставени ли се на милост и немилост на прекупците…, многу прашање треба да се одговорат и решат. На македонските ниви не треба да расне трнот и грмушките, туку зеленчук и овошје кое ќе ги задоволи домашните потреби, а и да се извезува.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Констатирани многу неправилности во министерството за односи со заедници во периодот кога министеруваше Aртан Груби

Коса да ти се крене од ревизорскиот извештај за Министерството за односи со заедниците, но ќе се кренат ли истрните органи?

Следна објава
„Моето Сонце“ на Kaly: Нов поп-денс сингл што носи ритам, енергија и лична приказна

„Моето Сонце“ на Kaly: Нов поп-денс сингл што носи ритам, енергија и лична приказна