Темен режим Режим на светлина

Истрагата продолжува: Обвинителството бара нов притвор за осомничениот во трагедијата во Карпош

ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје побара продолжување на мерката краткотраен притвор за Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната жена која заедно со нивното шестгодишно дете падна од балкон во скопската населба Карпош.

Од Обвинителството информираат дека до судот е доставен предлог за нов 48-часовен притвор, бидејќи истрагата сè уште е во тек и се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони, како и на други предмети. Во меѓувреме се обезбедуваат и се анализираат видеоснимки од повеќе локации поврзани со случајот.

Во рамки на постапката се прибира и се разгледува целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и на починатата жена.

Од Обвинителството посочуваат дека се преземаат и други истражни дејствија од значење за утврдување на елементите на кривичните дела што се предмет на проверка во моментот.

Пред два дена на Јовановски му беше определен краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување докази поврзани со сомненијата, како и за спроведување вештачења, анализа на видеонадзор, претреси и други истражни активности.

Тој е осомничен за наведување на сторување самоубиство, нанесување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека Јовановски и претходно бил евидентиран во полицијата поради дела поврзани со насилство и други криминални активности.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во изминатите години скопската полиција против Стојанче Јовановски поднела вкупно 10 кривични пријави за дела од областа на насилниот криминал, имотни деликти и недозволена трговија со дрога.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards – со Игор Џамбазов и два големи настани

Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards – со Игор Џамбазов и два големи настани

Следна објава
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си