Темен режим Режим на светлина

Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards – со Игор Џамбазов и два големи настани

Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards – со Игор Џамбазов и два големи настани Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards – со Игор Џамбазов и два големи настани

По успешното прво издание кое минатата година собра огромна поддршка и силна енергија од публиката, Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards. Настанот, кој за кратко време се наметна како симбол на благодарност кон публиката и поврзаност со заедницата, годинава се враќа со уште поамбициозна концепција.

Најавата доаѓа преку два видео тизери објавени од Лазаров. Првиот потсетува на атмосферата и емоциите од премиерното издание, отворајќи го прашањето дали приказната продолжува. Вториот веќе открива конкретни детали – подготовките се во тек, концептот е поставен, а организацијата влегува во интензивна фаза.

Годинешното издание ќе се одвива во два термини – на 20 април и 3 јуни. Првиот настан ќе биде вовед во главната приказна и ќе вклучува специјална програма со маестро Игор Џамбазов, бенд и гости, со ограничен број посетители и ВИП пристап. Главниот настан е закажан за 3 јуни и се најавува како централна манифестација со уште посилна продукција и поголемо учество на публиката.

Како и минатата година, организаторите најавуваат и подароци за публиката, како знак на благодарност за довербата и поддршката. Целта на Lazarov Awards е да создаде настан што не е само церемонија, туку платформа што ја слави врската меѓу креаторот и неговата публика.

Повеќе информации за програмата и деталите околу настаните се очекуваат наскоро преку официјалните канали на Lazarov Awards.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Документарецот за новинарката Џин Керол, која го доби Трамп на суд, го отвора фестивалот во Солун

Документарецот за новинарката Џин Керол, која го доби Трамп на суд, го отвора фестивалот во Солун

Следна објава
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Истрагата продолжува: Обвинителството бара нов притвор за осомничениот во трагедијата во Карпош