Темен режим Режим на светлина

Коса да ти се крене од ревизорскиот извештај за Министерството за односи со заедниците, но ќе се кренат ли истрните органи?

Констатирани многу неправилности во министерството за односи со заедници во периодот кога министеруваше Aртан Груби Констатирани многу неправилности во министерството за односи со заедници во периодот кога министеруваше Aртан Груби

Извештајот на Државниот завод за ревизија околу ревизијата во Министерство за односи меѓу заедниците за 2024 година и ја крена косата на главата на македонските граѓани.

Таму било башибозук – фалат 30 преносни компјутери, се делеле плати без да се оди на работа, а се точело и гориво во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството.

И сега, ќе се кренат ли органите на прогон за да го истражи и кривично да го процесуираат случајот?

Прашањето се наметнува поради не ретката појава ревизорите често да откриваат неправилности или несоодветно трошење на јавните пари, а потоа ефектите од овие извештаи да се малку видливи.

Џабе се ревизорските извештаи ако нема казни за сторителите на криминалот. Народните пари мора да се штитат од злоупотреби. Затоа на потег се истражните органи. Впрочем тогашниот министер Артан Груби еве сега им е достапен, нека го расчистуваат случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

Следна објава
Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот

Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот