Темен режим Режим на светлина

По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“ По 100 изведби: МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува на „Кичево – град на културата 2026“

Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.

Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.

Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите.

Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата пред домашната и регионалната публика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Замор, главоболка и сува кожа – знаци дека ви недостасува вода

Поради дефект без вода корисниците од улица „Славејко Арсов“ во Центар

Следна објава
Констатирани многу неправилности во министерството за односи со заедници во периодот кога министеруваше Aртан Груби

Коса да ти се крене од ревизорскиот извештај за Министерството за односи со заедниците, но ќе се кренат ли истрните органи?