65-годишен гостиварец е тешко повреден кога во него удрил автомобил синоќа на крстосницата од улиците Браќа Ѓиновски и Мајор Чеде Филиповски во Гостивар.
Според информациите, 26-годишен гостиварец со „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, го удрил пешакот С.
Т.
и побегнал од местото.
Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
Возачот Н.
А. набргу бил пронајден и приведен. На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





